Џулија „Ураган“ Хокинс е бескомпромисна спортистка. И покрај тоа што стана првата 105-годишна девојка која истрчала на 100 метри, Јулија вели дека сака да трча уште побрзо.
„Беше одлично да се учествува на трката, но сакав да ја завршам за помалку од минута“, изјави Џулија.
Таа додаде дека ја поддржуваат многу пријатели и семејството, но и дека особена мотивација наоѓа во тоа што нејзиниот успех ги инспирира другите луѓе да трчаат.
Таа истакна дека поради тоа ќе продолжи да трча додека може.
„Сакам да трчам. Сакам да се бавам со овој спорт уште долго време. Мој совет е – ако сакате да стареете здрави и среќни тогаш треба да трчате!“, весело изјави рекордерката по трката.