Повеќе од 110 вработени во Хјустон методистичката болница во Тексас, всушност мрежа од осум болници, поднеле тужба поради тоа што ги принудуваат да се вакцинираат.

Мак Бум, извршен директорот на системот кој опфаќа осум болници со 26 000 вработени, од кои 99 отсто веќе се вакцинирале, им дал на останатите рок до 7 јуни да се вакцинираат, со закана за супензија и евентуален отказ.

Вкупно 117 лица на ова се спротивставиле, велејќи дека болницата „незаконски бара да примат експериментална вакцина“. Потоа тоа се обратиле до адвокатската канцеларија Woodfill, која поднела тужба во која стои дека болницата ги принудува вработените да бидат „човечки заморчиња како услов за продолжување на работниот однос“.

„Тоа е тешко и очигледно кршење на Нирнбершкиот законик и јавната политика на Тексас“, рекол за ABC News адвокатот
кој ја поднел тужбата во округот Монтгомери.

Нирнбершкиот законик е напишан непосредно по Втората светска војна, ги содржи основните принципи против медицинско експреиментирање на луѓето, а е испириран од идејата да биде брана против експериментите како тие врешени во текот на војната, од нацистите како Менгеле.

Група медицински работници одржале овој месец и протест пред болницата во Хјустон против условот за вакцинирање.
„Ова е мој избор и работодавците не би требало да одредуваат што ќе влегува во моето тело’, рекла медицинска сестра.

Тужбата се однесува на тоа дека овие вакцини се „експериментална инјекција со модифициран ген на COVID-19 mRNA“. Американската администрација за храна и лекови ја одобри итната употреба на вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna и Johnson & Johnson по завршување на одреден степен испитување. Целосната дозвола допрва следи и треба да се добие до јули 2021 година.

Од американскиот Центар за превенција и контрола на болести објаснувале дека Pfizer i Moderna од типот mRNA на влијаат на човечката ДНА на било кој начин.

Марк Бум изјавил дека 99 отсто од вработените во болницата се вакцинирани: „Законски е предвидено здравствените установи да ги вакцинираат своите вработени како што е тоа случајот со грипот и што го правиме од 2009 година“, рекол извршниот директор, додавајќи дека вакцините се „сигурни и ефикасни и не се експериментални“.