Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 септември
Денеска е Преподобен Киријак Отшелник
Свети Киријак беше родум од Коринт. Татко му Јован таму беше свештеник, а и месниот епископ Петар му беше роднина. Уште во раната младост епископот го постави за отец во соборната црква, па тој секојдневно во својата уста ја чувствуваше сладоста на божествените зборови. Кога наполни 18 години отиде во Ерусалим и стапи во манастирот на некој Евсторгиј. Потоа отиде кај свети Евтимиј, кој го облече во схима и го прати на Јордан, кај свети Герасим. Таму остана девет години, а по смртта на свети Герасим, се врати во манастирот на свети Евтимиј. Потоа одеше од место на место, бегајќи од човечката слава. Се претстави пред Бога во длабока старост, кога имаше 109 години, во 557 година по Христа.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Серафин
Роден е во 1540 година во Монтегранар, во Италија. Му припаѓал на капуцинскиот ред. Поради своите скромни можности бил многу често преместуван од место во место. Сепак во градот Асколи луѓето многу го засакале. Серафин бил мироносец кој ги смирувал закараните, ги тешел и ги потикнувал болните и ожалостените. По пример на својот основач Свети Фрањо од Асизија и тој ја сакал природата, се молел и расправал за Господ. Неговиот збор влевал во душите доверба. И така припрост и неук им станал духовен водач на многумина. Желбата за спасување на души го влечела во мисии, но тоа било неостварливо. Сакал за душите да загине како маченик. Умрел во 1604 година. Неговата смрт го кренала на нозе цел Асколи. Бидејќи го сметале за светец, Италијаните се грабале за било каков спомен од покојниот брат, како што го нарекувале Серафин. Папата Клемент Тринаесетти го прогласил во 1767 година за Светец. Луѓето му се молат поради разни проблеми.