Моќната нега ја освојува Македонија нудејќи безброј можности, како за потрошувачите, така и за заедницата. Бора ја започна својата приказна со мисија да овозможи квалитетен производ со пристапна цена за секој и да го поттикне напредокот на општеството преку донации во клучни организации.
За Бора секој од преземените чекори е да создаде општество во кое ќе е полесно за родителите и за најмалите. Затоа Бора донираше во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство и граѓанското здружение за еднородителски семејни заедници „Една може!“ – „One can!“. Негата која се почуствува во овие две организации сега може да ја почуствуваат сите низ цела Македонија.
На наградниот предизвик на Бора може да се учествува со фискална сметка од сите продажни места каде што има Бора производи во Македонија, а кутии за аплицирање може да се најдат на само 10 Тинекс локации во Скопје кај: Годел, Драмски, Ѓорче Петров, Злокуќани, Стара телевизија, Кисела Вода 1, Млечен, Првомајска, Раде Кончар и Ченто. За тие што сакаат да се вклучат онлајн, без разлика од која локација, може да се испрати пријавата во инбокс на Фејсбук фан страната на Бора Македонија.
Бора дава поддршка на заедницата и секој кој ќе стане член на семејството на Бора учествува во мисијата за напредок на општеството.