Секој седми Македонец не знае дека има дијабетес, односно, на 130 000 дијагностицирани трипати повеќе се неоткриени случаи. Здруженијата на лица со дијабет го кренаа алармот дека оваа хронична состојба веќе зазема пандемиски размери. Во земјата, особено во внатрешноста нема доволно центри за дијабет, а нема и таблетарна терапија на позитивната листа.

– Да се превенираат компликациите, да се обрне внимание на примарната заштита, да се направат скрининзи и навреме да бидат дијагностицирани лицата со дијабет, изјави Д – Танер Хасан, директор на Клиника за ендокринологија.

– Во оваа фаза имаме недостаток на посебни кабиенти за дијабетично стапало, односно, менаџирање на дијабетичното стапало во амбулантски услови, изјави д-р Ирфан Ахмети, потпретседател на научно здружение на ендокринолози.

Компликациите на дијабетесот се постепени, но ако не ги третираат можат да бидат многу сериозни а понекогасш и фатални. Здруженијата побараа сезнори за има за сите, за да водат квалитетен живот.

– Со цел да се намалат компликациите, со цел да се намалат отсуствата и да се зголеми продуктивноста. Сите тие лица со континуирано мерење на гликемијата ќе бидат нормално на работа, изјави Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на лица со дијабет.

Дали ќе има 700 сензори до крајот на годината како што беше ветено, конкретен одговор од здравствените власти нема. Чекаат прво усвојување на буџетот. Но велат работат на превентивните програми.

– Министерството за здравство е во преговори со СЗО за проширување и зголемување на превентивните програми, зошто треба таму да се фокусираме, изјави Јовица Андовски, заменик министер за здравство.

-Од поглед на дневните случувања и дневните проблем, мора да погледнеме малку подолго и да најдеме начин да издвоиме доволно средства сега за да заштедиме во иднина, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ

И додека возрасните со дијабет ги бараат своите права, децата кои добија сензори велат дека функционираат добро. Таков е случајот со 9 годишниот Петар Темелковски кој е со дијабет тип 1.

– Користам сензор, се е добро, само треба да бидам активен да не ми се качи шеќерот. Моите другари го знаат тоа и затоа ми се најдобри другари..вели Петар Темелковски

Благосостојбата кај лицата со дијабет – создаваме дијабетес култура е годинешното мото на светскиот ден на дијабет.