Во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19, починаа четворица, а 142 пациенти се оздравени.

– Скопје 76
– Куманово 6
– Дебар 2
– Штип 6
– Прилеп 1
– Тетово 13
– Струга 7
– Битола 3
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 10
– Гевгелија 1
– Македонски Брод 1
– Кратово 1
– Свети Николе 2
– Кичево 3
– Ресен 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица.

– Скопје 68
– Штип 3
– Прилеп 1
– Тетово 15
– Струга 15
– Охрид 15
– Гостивар 7
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 5
– Свети Николе 6
– Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на Kовид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475.