Институтот за микробиологија на Кинеската академија на наука ги објави првите крупни фотографии од смртоносниот коронавирус кој уби најмалку 26 лица и зарази над 800.
Кина во меѓувреме работи на обезбедување на карантин за над 18 милиони лица и гради специјална болница за заразените.
Коронавирусит или 2019-nCoV е тесно поврзан со МРСА-та и САРС, a до сега се прошири во Виетнам, Тајланд, САД, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Јапонија.
Заразените имаат симптоми како од обична настинка до тешка инфекција на белите дробови, а моменталните противмерки како носење маска на лицето, масовни дезинфекции не се во можност да го запрат ширењето.