Пред Белата куќа во Вашингтон уапсен е 25-годишен маж со нож, откако на припадник на тајните служби му рекол дека дошол да го убие претседателот.
Ова се случило во сабота попладне а уапсен е Роџер Хеџпет обвинет за закани за нанесување телесни повреди.
Хаџпет пришол до еден од припадниците на тајната полиција кои патролираат пред Белата куќа и рекол дека сака да го убие претседателот Доналд Трамп и дека има нож со кој тоа ќе го стори.
Како што се наведува, кај него е пронајден нож во футрола закачена на левиот колк, додека на десната страна имал празна футрола за пиштол.
По апсењето, осомничениот е упатен во болница на здравствена проценка а се додава дека за сега не е познато каде живее ниту дали има адвокат.