Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од мострите од 157 примероци за физичко-хемиска и 157 за микробиолошка анализа на вода за пиење земени од 49 мерни места во Градот Скопје.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење изработен во периодот од 10 до 14 од Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението на Јавното претпријатие