Хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Зоран Милановиќ денеска го посети сместувачкиот камп пред болницата Дубрава во Загреб, посочувајќи дека нема потреба од воведување целосен карантин или вонредна состојба .
– Ако навистина има потреба од подрастични, екстремни мерки како што е карантинот, тогаш тоа вклучува прекинување на работата на Парламентот, а тоа е она што сакам да го избегнам, рече Милановиќ.
Тој истакна дека и тој и Саборот постојат за да се грижат за другите, а не обратно, јави Хина.
рватскиот претседател изрази уверување дека Парламентот ќе ја извршува својата работа и дека ако Саборот не може да се состане, тогаш согласно Уставот се предвидува поделба на одговорностите меѓу Владата и Претседателот, но повтори дека тоа е последната работа за која размислува.