Британецот затруен со „Новачок“ изјавил дека тој нашол шишенце со парфем во кое бил смртоносниот гас и и го дал на партнерката која го употребила.
„Се сеќавам дека го најдов шишенцето со парфем и ѝ го подарив на Дон”, рекол Чарли Роули (45).
Неговата партнерка Дон Старџес (44), мајка на три деца, почина на 8 јули од труење со „новичок“. Чарли, кој исто така беше затруен со нервниот агенс, помина три недели во болница.
Двајцата бea затруени во Емсбери, во близина на градот Салсбери каде што со истиот нервен гас беа затруени поранешниот руски шпион Скрипал и неговата ќерка.