Секој ден добиваме многу прашања дали ние монасите се плашиме од корона вирусот, што да се прави, дали да се бега…
Еве одговор на еден светогорски монах – негово лично мислење:
-Оче Филотеј, што ќе кажете за корона вирусот? Прашуваат луѓето, што да се прави, каде да се бега…?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Црквата има свои пастири и учители, секое место си има свои жители и секое место си ги знае своите проблеми. Ние на Света Гора, можеме да се молиме, да служиме Литургија, да правиме бденија, метании за спасение на целиот свет. Но, не можеме да им кажеме на луѓето надвор од Света Гора, направете го тоа или одете таму. Вие имате свои клирици, пастири, кои се трудат за своето стадо и сакаат да најдат решение за проблемот. Обратете им се нив, прашајте ги. Јас од овде можам само да посоветувам: само молитва. Јас не можам да кажам почнете револуција или игнорирајте ги државните закони или да кажеме не и верувајте на Црквата, слушајте ја само Света Гора. Не, не, и ние сме дел од Црквата, не сме одделна независна црква. Ги почитуваме пастирите, клириците кои Светиот Дух ги поставил на одредени места да го раководат народот Божји.
Ние не сме чудотворци, не сме луѓе кои можат се да решат со својата молитва. Секако дека се молиме, но не можеме да им дадеме решение на луѓето надвор од Света Гора. Клириците кои живеат надвор од Света Гора, тие се должни да кажат што да се прави. Соработувајте со нив, послушајте ги. Инаку, ако не ја послушаме Црквата, секој ќе си прави своја нова црква. Јас мислам вака, ти мислиш така, друг мисли поинаку, и тоа нема да заврши се додека има луѓе на Земјата. Секако потребно е да се слушаат пастирите, ние ќе си ја кажеме својата помисла. Оче јас мислам вака, но кога свештеникот ќе каже нешто треба да го послушаме. Така постапуваме, ние слушаме се што ќе каже игуменот. Јас имам вакво мислење, друг има поинакво, но ќе биде како ќе каже игуменот.
-Вие се плашите од вирусот?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Не
-Зошто? Па и Вие можете да умрете.
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Тогаш нека умрам. Тоа и го посакувам. Поскоро да стасам при Господа. Дај Боже.
– Така, значи за Вас, вирусот е добра работа?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Доколку некој размислува на ваков начин и ја прифаќа таа помсила, тогаш да. Што посокро, поблиску до Христа. Јас Христа го сакам, а овој живот ви го давам Вам.
-Но што со луѓето во светот? Имаат деца родители?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Да, но и нив ги очекува крајот. Некогаш ќе дојде крајот. На 30, 50, 70, 90 години… Никој не знае кога. Доколку Бог така допуштил, треба да сме подготвени тоа да го прифатиме.
-Никој не знае, но сите сакаат да живеат подолго…?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Но тоа не значи дека тој живот ќе биде подобар од идниот. Јас го чекам идниот живот, а овој ви го давам веднаш.
-Што со Јов кој поживеал уште многу години после искушението?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Е тоа е дар Божји. Така допуштил Господ. Но, гледај, Бог ги зел неговите деца. Паднала куќата, ги затрупала децата. Зошто не преживеале децата, туку останал Јов? Таква е волјата Божја. Ние не можеме ништо да кажеме. Ако Бог сака да умрам од вирусот и да го најдам своето спасение и ми ги прости сите гревови… дај Боже во истиот овој миг.
-Луѓето велат дека монашкиот постриг е смрт?
ОТЕЦ ФИЛОТЕЈ: Постригот е смрт за светот. Затоа и ние носиме црно изразувајќи ја тагата за нашиот живот кој завршил во светот – световните задоволства, сластите, радостите – завршиле. Но, ние го предаваме нашиот живот на Христа. Со постригот сето тоа само започнува. Еден непрекинат подвиг. Подвиг во мера колку секој може да носи. Така е во бракот, се почнува со добра намера и расположение. но сето тоа е подвиг. Ви посакувам да се подвизувате и да не ја губите верата. Се што ни дава Христос е за наше спасение. Тој не допушта било што. Тој си има своја промисла… тоа што му е допуштено на ѓаволот против христијаните, ние можеме да го исползуваме на духовен начин, односно со добра помисла, како на пример, да останеме дома и повеќе да се посветиме на молитвата. Да читаме служби. канони, акатисти, да ја засилиме молитвата. Да читаме толкувања на Евангелието, се она што не сме успеале да го направиме зашто сме имале многу обврски и сме биле принудени да работиме, па не сме имале време. Сега Господ ни дава време и треба правилно да го искористиме за сите оние надворешни работи да не ја изгубиме и Пасхата, радосните служби, бденијата и внатрешната духовна благосостојба. И подобро, бидејќи сега родителите имаат многи повеќе време да се занимаваат со своите деца, бидејќи се дома. Детето има потреба од воспитување, да биде подучувано. Тие би сакале да си играме со нив, а не да ги праќаме на секакви можни секции, фудбали, треба родителите да се занимаваат со своите деца. Се што Бог испраќа можеме да го исползуваме за наше спасение. Дури и болестите, бедата, болката… Главно е да имаме добра помисла за сите работи.