Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот.
Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“
Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го виде во неволја, притекна кај него и пролеваше солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабошците.
После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Марта.
Податоците за света Марта се наоѓаат во Евангелието. Таа била сестра на Марија и Лазар. Светите писатели изразуваат задоволство од верата на Марта и нејзината христијанска љубов и пожртвуваност.