Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање. Еден е од еврејските пророци. Во Стариот завет е останата една книга од него, во 14 глави.
Како другите пророци, и Осиј го прекоруваше Израилот поради неговиот морален пад, повикувајќи го на покајание, т.е. промена на умот според образецот на чистиот и доблесниот живот, живот без завист, лага, љубов кон парите и нечистите задоволства, зашто сите овие работи им го поматуваа умот на луѓето.
Го претскажуваше доаѓањето на Господа, како и богатството на даровите што Христос со себе ќе го донесе на земјата. Доживеа длабока старост и мирно се успокои.