Мигел Анхел Ибара од Шпанија 18 години лажно се претставувал како свештеник – венчавал, крштевал деца, исповедал гревови… На крајот се дозна вистината и тој е разрешен од Католичката црква во Шпанија.
Тој ги извршувал должностите на свештено лице прво во Колумбија, а потоа и во јужна Шпанија, иако никогаш не се запопил.
Како што објави црквата, свадбите и крштевките ќе бидат признати, но не и исповедта што ја слушал лажниот свештеник.
Ибара беше откриен откако беше уапсен во Колумбија за фалсификување документи.