Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, денеска соопшти дека 19.453 лица загинале во израелските воени операции на палестинска територија од почетокот на војната на 7 октомври.
Владата на Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, исто така соопшти дека се ранети 52.286 луѓе. Во претходните соопштенија за билансот на жртвите пишуваше дека две третини од загинатите се жени, деца и малолетници.
Во претходниот извештај, во петокот, беше објавено дека загинале 18 илјади луѓе.
Над 1.200 луѓе беа убиени во Израел, повеќето цивили, на 7 октомври, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас го нападнаа Израел.
Тогаш беа земени и околу 240 заложници. Се верува дека 129 сè уште се приведени во Газа. Во израелските копнени операции во Газа загинаа 127 војници.