На електронските адреси на 19 училишта во Скопје попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Како што посочуваат, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. (МИА)