Oва обвинение е поднесено во скратена постапка, а во скратена постапка не постои обврска јавниот обвинител да ги испитува двете страни туку обвинението беше поднесено исклучиво на исказите кои беа дадени од страна на оштетените.

Во тој момент нивните искази упатуваа во таа насока дека и Даниела Рангелова имало исполнето дејствија, објасни денеска обвинителката Фатиме Фетали за тоа зошто одлучила да го повлече обвинението против Даниела Рангелова.

-Во самиот закон каде двете страни си ги спротиставуваат своите аргументи постои можност секоја страна да ги испрашува сведоците од другата страна и на тој начин постои можност да се смени целата слика.Бидејќи доказите што беа изведени во текот на главната расправа упатија на поинаква слика за Даниела Рангелова и од тие причини како Обвинителство се откажавме од обвинение за неа.