1 ТВ“ во текст објавен на нивниот портал прашува дали некој се плаши од Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13 и на кого му е потребен Јовановски неконтактибилен и „уништен“?

Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција. Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

Какоо што пишува „1 ТВ“ сите оние кои имале шанса да го видат денеска Боки 13 сведочат дека ситуацијата со првообвинетиот во „Рекет“ навистина била „алармантна“.

Адвокатот Дуковски на 3.10.2019 ја објасни ситуацијата со Јовановски:

„Да не излезе дека плачеме и молиме од некои други причини, сакам да запознаам со медицинската документација на осомничениот. Секој втор ден се носи на Клиниката за торакална хирургија. Има две неуспешни операции кои му предизвикуваат сериозни проблеми. Специјалистот предлага дека е неопходна хоспитализација. Нема желудник. Храната му се враќа и секој ден повраќа. Може да се случи смртна последица. Поевтино е да биде на клиника, отколку секој ден да се носи од притвор“, истакна Дуковски на 3.10.2019.

„1 ТВ“ потсетува дека Боки 13 претходно се пожали (потврдено и од стручно лице) дека му е крајно влошена здравствената состојба и изјави дека треба да биде жив за да ја докаже својата невиност.

„Прашањето кое после ваквиот след и развој на околностите логично се поставува е зошто Апелација упорно го продолжува притворот, иако истрагата веќе е завршена и кому Јовановски му пречи жив и здрав?“, прашува „1 ТВ“.