Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечерва во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен.
Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град, соопштија организаторите.
Настани ќе бидат организирани во Музејот на Град Скопје, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Детскиот културен центар, Музејот на македонската борба, Домот на култура „Кочо Рацин“.