Меѓу 22-те лица кои во изманите 24 часа починале од Ковид 19 се наоѓа и момче од Прилеп на 22 години, за чија судбина МЗ веројатно дополнително ќе дава објаснувања.

Остантите се: девет од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по тројца починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Во дополнително пријавените починати од 17 јануари, се наоѓа и лице на 39 години.

Во извештајот на МЗ, се вели:

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се пет починати лица, од двајца од Охрид и по едно од Скопје, Прилеп и Гевгелија, на возраст од 39 до 90 години. Пријавените се починати во период од 17 до 25 јануари 2022. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.