Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј.

Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј. Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог. Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им под¬легна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Ружа Лимска.

Била родена во Перу, во 1568 година. Секој светец има своја каризма на која Духот Божји го потикнува. Нејзините родители сакале таа да се омажи за некое момче. Сепак, Ружа го избрала Исус Христос на кој цел живот му служела. За да го спречи одржувањето на венчавката, Ружа облекла покорнички фустан и ја скратила косата. За време на својот живот таа им помагала на сиромашните луѓе. Света Ружа Лимска умрела во 1617 година