,,Не ве остава Ѓоко вас”, се последните зборови на Ѓоко Лазаревски, најголемиот јунак во поновата Македонска историја.

На денешен ден 23 јули во 2001 година, Ѓоко Лазаревски имајки бремена сопруга, одлучно решава да го положи својот живот пред олтарот на Македонија. Одлучува никогаш да не го види своето дете.

Тој заедно со четворица свои соборци, како во времето комитско, во нерамна битка неколку дена го бранат селото Лешок
и манастирот, кој по неговата јуначка смрт е запален од страна на терористите.

Кога веќе се стегнал обрачот, Ѓоко одлучил да остане сам, да повлече јуначки чекор и да оди до крај!

Неговата света цел била селаните на Лешок да имаат што повеќе време за евакуација. По неколку часовна жестока јуначка битка, Ѓоко е покосен со рафал од автоматска пушка, тука запира неговата епска борба за Македонија.

Оваа жртва не е ниту малку неразумен чекор, туку јасна херојска порака дека Македонија понекогаш се сака повеќе од себеси, во овој случај Македонија биле децата, жените, бабите и дедовците од селото Лешок.

Овој чин треба да остане смело извезен во Македонската историја, да не потсетува колку малку даваме за неа, да не потсетува колку сме мали во споредба со овој великан и сличните на него.
Македонија ја чекаат големи предизвици, жртвата и одлучните чекори ќе решат како ќе ги поминеме. Ѓоко Лазаревски со пушка и епска смелост, ние со ум и смелост, и како ќе даде Бог.

,,Бидете смели, нечесноста не ќе нè плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши”.
,,Сердарот”