Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 септември

Денеска е Преподобна Теодора

Преподобна Теодора првин живееше брачен живот. Но, се случи така што самата се излажа, па го измами својот маж со некој друг човек. Уште истата вечер доживуваше силен внатрешен потрес поради погрешниот избор, па го остави домот и мажот, и стапи во машкиот манастир Октодекат под името Теодор. А додека беше во манастирот, некоја блудница го наклевети овој Теодор пред игуменот дека ја обесчестил, па игуменот ја истера Теодора од манастирот. Блажената Теодора ова го прими мирно и цели седум години се грижеше за детето на блудницата. Потоа игуменот и дозволи да се врати во манастирот, каде таа проживеа уште две години. По нејзината смрт, игуменот виде дека Теодор е жена. Нему му беше откриен од Бога и нејзиниот таен подвиг. А кога за нејзината смрт дозна и мажот и, и самиот стапи во манастирот Октодекат и остатокот од животот го помина тука. Блажена Теодора се уполои во 490 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Празникот на откупувачката на робовите.

Господ му ја подарил на човекот слободата. Желбата за одбрана на човечката слобода придонела да се слави овој празник на Мајката Божја, Откупувачката на робовите. Прославувањето на празникот го вовеле мерцедариевците во 1615 година кои се бореле за ослободување на луѓето кои биле робови на Сарацените. Празникот во црквата го вовел папата Иноцент Дванаесетти. Денеска, кога се уште има невини луѓе кои се осудени, треба да го славиме овој празник и да се молиме на Благословена Девица Марија за човечките права на слобода.