24 Вести објави дека за еден ден поскапеле околу 500 тина производи во еден од големите ланци на маркети во Македонија.

Од Министерството за економија велат дека со поскапувањата не се опфатени основните прехранбени производи и затоа не се очекува ценовен притисок. Од таму прогнозираат дека инфлацијата до крајот на годинава ќе се сведе на минимум и ќе се заштити стандардот на граѓаните.

– Порастот на цените на останатите производи, кои не беа опфатени со мерките, имаше многу помало влијание врз стапката на инфлација во земјата, иако и тогаш на голем број производи, секојдневно им се менуваа цените.

Оттука, не мора да значи дека растот на цените на овие 500 артикли во ланецот маркети, ќе имаат некое позначително влијание врз стапката на инфлација, коментираат од Министерството за економија.