Тешка сообраќајна несреќа вечерва во скопски Аеродром, каде загина едно лице.
Имено според информации на Пресс 24 загина мотоциклист на возраст од околу 25 години.
Трагичната сообраќајка се случила околу 22.15 часот на булеварот Јане Сандански, на крстосницата кај маркетот „Веро“.
Според изјави на очевидци за „24 инфо“, моторот со голем брзина се забил во автомобил. Момчето на возраст од 25 години починало на самото место.
Двајца биле повредени во несреќата и биле пренесени на скопските клиники.
Увидот се уште трае, но според полициски извори поминал на црвено.