Од Основен кривичен суд Скопје велат дека постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид, како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ „Мавровка“, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
„Согласно решението, притворот се определува заради постоење на основите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание брз сведоци и Повторување на делотот. Против ова решение, странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд“, велат од Основен кривичен суд скопје.