Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го избра тимот со кој вечерва ќе и се спротивстави на Португалија во Порто.
Селекторот не ја менуваше одбраната и натпреварот ќе го почне со Димитриевски на голот, Ристовски, Велкоски, Муслиу и Алиоски.
Двете промени доаѓаат во средниот ред откако во стартниот состав Милевски ги смести повратниците Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои ќе играат на местата на Бобан Николов односно Дарко Чурлинов. Во средината ќе бидат Арјан Адеми и Енис Барди, а нападот ќе биде предводен од Милан Ристевски и Александар Трајковски.
Португалија пак ќе започне со Диого Коста на голот, во одбраната ќе бидат Кансело, Данило, Пепе и Мендеш. Средниот ред го сочинуваат Жоао Мутињо, Бруно Фернаднеш и Отавио, а офанзивата јасно ќе е предводена од Кристијано Роналдо на кого ќе му помагаат Диого Жота и Бернардо Силва.