Иако е зголемен бројот на новозаразени деца на училишна возраст во детската болница Козле најголемиот дел од хоспитализираните се до 3 години. Во моментот во Институтот на болничко лекување имаат 31 малолетен пациент, пренесе телевизија Сител.
-Сите се во општа добра состојба, имаме само едно дете кое е на кислородна подршка. Во принцип од сите деца што ги имаме 60-65 проценти се од 0 до 3 години, значи помали деца, школските деца се во помал број и не е во пораст деновиве. Значи родителите повеќе да внимаваат затоа што на помалите деца вирусот им е пренесен од родителите, изјави д-р Бесник Зеќири, директор на детската болница Козле.
Директорот на детската болница посочува дека периодов намален е и бројот на деца со Ковид кои доаѓаат на преглед во амбулантите. Повеќето мали пациенти имале други вирусни инфекции или алергии.
-Имаме намалување на бројот на амбулантски прегледи кои се движат од 60 до 80 за едно денонокие, вели д-р Зеќири, пренесе Сител.
Од друга страна во Ковид центрите во кои се третираат возрасни пациенти хоспитализирани се 560 граѓани со компликации од вирусот, половината се на скопските клиники и во ГОБ 8-ми септември.