Израелските власти денеска побараа извинување од Москва за изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за еврејското потекло на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која ја сметаат за „непростлива“.
„Таквите лаги имаат за цел да ги обвинат Евреите за најстрашните злосторства во историјата извршени против нив“, рече израелскиот премиер Нафтали Бенет, додавајќи дека употребата на холокаустот за политички цели мора веднаш да престане, пренесе Ројтерс.
Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид побара извинување од Лавров за изјавата што ја даде за време на интервјуто за италијанските медиуми и го покани рускиот амбасадор на разговор.