Британката Тања Џексон, мајка на три деца, која за малку што не починала од сепса, стана првата жена во Велика Британија која беше подложена на трансплантација на двете дланки.
Џексон (42) изјави дека е „возбудена поради иднината“ по успешната 15-часовна операција во градот Лидс минатиот месец.
Поминала две години на листата на чекање за трансплантација на ампутирана лева дланка, дел на левата рака и голем дел од десната дланка.
– Ме преплавуваат сите видови на емоции. Не можам да дочекам да ги го вратам мојот живот и да бидам независна, вели Џексон.
Таа додаде дека е најмногу се радува на „вообичаените работи”, да може да ја чешла косата на своите ќерки и да ги држи за раце.
Џексон во своите 20-ти години заболела од улцеративен колитис, а сериозно се разболе во март 2015 година кога дошло до инфекција на крвта.
Нејзиниот сопруг ја однел во болница кога и се надул стомакот, а прстите на рацете и нозете почнале да и стануваат црни, поради што лекарите биле принудени да ги ампутираат зафатените делови за да и го спасат животот.
По две години чекање, минатиот месец добила повик, а се надева дека за две години ќе ја врати целосната функционалност на двете раце.
Професорот за пластична хирургија, Симон Кеј, рече дека верува дека таквите операции ќе станат почести, бидејќи голем број пациенти успешно се опоравиле.