Израел идентификуваше четири случаи на варијанта Б.1.1.529, сите кај патници кои неодамна пристигнале во земјата.
Еден случај е 32-годишна жена која се вратила од Јужна Африка, примила три дози од вакцината Pfizer.
Третата доза ја примила пред само три месеци, се наведува на социјалната мрежа Твитер.
Да потсетиме, јужноафриканскиот министер за здравство во четвртокот објави откривање на нова варијанта на коронавирусот што брзо се шири во делови од земјата.
– На почетокот изгледаше како кластер од епидемии, но од вчера нашите научници од мрежата за геномски надзор добија инструкции да ја набљудуваат новата варијанта, изјави министерот за здравство Џо Фал.
Фала рече дека моментално не е јасно каде првпат се појавила варијантата – моментално наречена B.1.1.529. Новиот вид досега е откриен во Јужна Африка, Боцвана и кај еден патник кој отишол од Јужна Африка во Хонг Конг, додаде Фахла.
>Извршниот директор на Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA), Џени Харис, оцени дека новиот вид на коронавирус е најзначајниот што научниците го откриле досега. Се верува дека варијантата Б.1.1.529 е позаразна и поотпорна на вакцини од другите видови на ковид.