Зголемената активност на сојузнички воени бродови во Црното Море го најавува почетокот на годинешните воени вежби „Си бриз“ (Sea Breeze) што треба да се одржат од 28 јуни до 10 јули, соопшти Шестата флота на САД на својот веб сајт, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
На Твитер налогот на американската Амбасада во Киев синоќа беше соопштено дека бројот на земјите учеснички на годишниве вежби „Си бриз“ во црноморскиот регион е рекорден.
„Триесет и две земји од шест континенти, пет илјади војници, 32 воени бродови, 40 авиони, 19 команди на специјални операции и нуркање“, се наведува во пораката.
Меѓнародните украинско-американски вежби се оддржуват од 1997 години, и годинава ќе бидат реализирани по 21. пат. Минатогодишните вежби траеа седум денови.
Годинава, планирани се вежби на морска одбрана, маневри на копно, нуркачки операции, операции за сузбивање на морски операции, во сферата на противвоздушната одбрана, против пловилна борба, операции за потрага и спасувања итн.
Во вежбите пријавени за учество се 32 НАТО и земји партнери на воената алијанса: САД, Канада, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Албанија, Австралија, Бугарија, Романија, Данска, Естонија, Латвија, Летонија, Грција, Полска, Шведска, Турција, Норвешка, Украина, Грузија, Молдавија, Бразил Египет, Израел, Мароко, Пакистан, Сенегал, Јапонија, Јужна Кореја, Тунис, ОАЕ.
Сенагал и Тунис учествуваат за првпат.
-САД се гордеат на партнерството со Украина во организацијата на повеќенационалните воени вежби „Си-бриз“, кои ќе помогнат во зголемувањето на оперативната хармонизација и можностите на земјите учеснички, изјави Кристина Квин, привремен овластен претставник на САД во Украина.
32Според експертите, големината на годинешните вежби се фактор за оддржување на стабилноста и безбедноста во регионот. Како и практикување реални воени сценарија на одбрана, да се спречи фактичката приватизација на голем дел од црноморскиот регион од страна на Русија.
Милитаризацијата на полуостровот Крим од страна Русија е долгорочен проблем за Украина. Вежбите се со цел на заемни акции и соработка меѓу структурте на НАТО како воен блок, и на Украина и Грузија, како земји кои се стремат да се зачленат во Алијансата.