Освен Пробиштип, Кратово, Кочани и Виница, страшно невреме ја зафати и Скопската Котлина, а најстрашно беше во скопските населби Ченто, Чаир и Драчево.

Во скопската населба Ченто има повеќе скршени дрвја од силниот ветер, додека во Драчево паѓале топки град со големина на орев.

Краткотрајно, но силно невреме попладнево го зафати Скопје и направи хаос во градот. Невремето беше проследено со пороен дожд, силен ветер, а во населбите Драчево и Лисиче паѓаше и град.

Во населба „Железара“ силниот ветер корнеше дрвја. Едно дрво падна на улица пред паркиран автомобил. Засега не се пријавени штети.

Невремето ги одмина Водно и Центар.

Според информациите од ЦУК, на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрвја, бандери со струјни и телефонски кабли.

Дел од дојавите за паднати кровови и дрва се во населбите Лисиче и Маџари, а поплавените улици се во скопски Чаир.

Невремето беше проследено со силен ветер, пороен дожд, а во делови од Скопје и врнежи од град.

Како што соопшти УХМР, во североисточните делови од земјава попладнево времето беше нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, а доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина.