Денеска на барање на здружението на земјоделците од Тиквешијата сум на средба со нив. Разговараме за актуелната состојба со наводнувањето во Република Македонија.
Она што СДС во моментот го прави е што земјоделците ги остава без вода и дополнително на седница на влада има донесено одлука за зголемување на цената за наводнување на земјоделските површини.
Одлуката е донесена на седница на влада на 11 мај 2023 година, но замислете цели 2 месеци ја чуваат во некоја фиока, и дури на 18 јули се објавува во Службен весник каде што се наведува новиот ценовник за цената која што треба да ја плаќаат земјоделците спрема АД Водостопанство.
Она кое што е алармантно и за кое што денеска разговараме со земјоделците е тоа штп во Тиквешкиот регион, подружницата Тиквешко поле треба на земјоделците да им наплаќа надомест за вода зголемен за речиси 200 проценти од тоа што биле претходно цените.
Ова власта го прави со цел да го покрие криминалот кој што го прави АД Водостопанство и сите оние злоупотреби на државните ресурси. И криминалот кој што го прави Николовски и Ковачевски.
Апелирам веднаш владата на СДС да го повлече овој ценовник кој што го има ставено на сила, да важат старите цени и веднаш да се пуштат во Тиквешијата и целиот регион прво да ги обезбедат површините со вода, а втора онаму каде што има штети да се обештетат земјоделците, бидејќи знаеме дека во Тиквешкиот регион 80 проценти од лозовите насади претрпуваат сериозна штета.
А, за многу скоро од денеска идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како треба да се води земјоделскиот сектор во Република Македонија.
Линк од фб објава на Цветан Трипуновски, претседател на Републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство: