По повод 30 години постоење Академија Леонтиќ за прв пат Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ од Скопје ќе додели стипендии за учебната 2024/25 година, со цел да се поддржат младите и талентирани лица во развој на нивните вештини и способности.

Врз основа на добиеното Решение за верификација од Министерството за образование и наука, бр. 19-4558/1 од 29. 09. 2008 година, Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии:

за 12-месечна модуларна обука за фризер (10 стипендии) и козметичар (10 стипендии).

за 6-месечна обука основна модуларна обука за фризер (3 стипендии) и козметичар (3 стипендии).

Стипендистите ќе имаат можност да бидат вработени веднаш по завршувањето на обуката во Центарот за убавина Академија и студио Леонтиќ во Скопје.

Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат апликацијата најдоцна до 25.12.2023 година.

Начин на пријава и критериум за избор на пријавените кандидати

– Пополнување на апликација за пријава на кандидат (ЛИНК)

– Интервју со селектирани кандидати (задолжителна професионална ориентација)

– Полагање на квалификациски испит

Критериум за избор на кандидатите ќе биде изработка на еден лик на кукла/фризура/дизајн кој ќе биде изложен во Центарот. Сите дополнителни информации околу квалификациониот испит ќе бидат објаснети при интервјуто со секој избран кандидат од пријавената апликација.

– Селекција и рангирање на кандидатите кои ги исполниле условите и ги задоволиле критериумите на квалификацискиот испит.

Услови за аплицирање

На конкурсот може да аплицираат, полнолетни лица со завршено средно образование до 25-годишна возраст.

Еден кандидат може да аплицира само за една од понудените стипендии за соодветниот профил и обука.

Избор на кандидати за добивање стипендија

Сите примени апликации кои ги исполнуваат условите, ќе бидат разгледани од директорот на Обучниот центар и комисија составена од внатрешни и надворешни соработници кои ќе дадат забелешки според однапред усвоените критериуми од Центарот за обука. Сите информации и упатства околу полагањето кандидатите ќе ги добијат една недела пред полагање. Конечниот избор на стипендистите е на директорот на Центарот за обука Академија Леонтиќ.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју, додека оние кандидати кои нема да бидат избрани, ќе добијат соодветно известување по електронски пат.

Избраните кандидати ќе бидат известени на 30.12.2023 година кога ќе полагаат квалификациски испит. Резултатите од квалификацискиот испит ќе бидат објавени на 01.02.2024 година.

Добитниците на стипендиите ќе бидат објавени јавно на 18.02.2024 година.

Кандидатите кои ќе ги добијат стипендиите имаат право да ги користат во 2024/25 учебна година со потпишување договор за обука.

Центарот за обука ќе обучи и 24 кандидати до 22-годишна возраст како дел од грижата за деца без родители и без родителска грижа, на децата со посебни потреби и лесна попреченост, на самохраните родители и на семејствата кои се социјално загрозени.

Ќе се изучуваат услуги за фризери, козметичари и масери и по завршувањето на обуката ќе бидат вработени во Академија и студио Леонтиќ или кај други работодавци од истиот профил.

Обучниот центар за прв пат воведува обука за лица над 55 до 60+ годишна возраст. И за нив се предвидени 6 стипендии, а принципот е прв пријавен прв услужен. За оваа категорија нема посебни услови за доделување стипендии, освен желбата за работа и изучување нови вештини.

Побрзајте, пополнете ја апликацијата на следниот линк и очекувајте повик!