При изборот на партнерот, најголемиот дел од луѓето гледа на изгледот, но едно истражување покажало дека во текот на животот, тоа е помалку битно.
Истражувањето покажало дека мажите кои имаат „полнички“ избранички, се посреќни од мажите кои се во врска со жени кои имаат тенка става. И тоа дури за 10 пати посреќни, иако не е сосем јасно како ја измериле среќата.
Сепак, доволно е да се каже дека мажите кои се со жени кои не се „тенки“ почесто се смеат. Причината за тоа се бара во податокот дека слабите жени се порезервирани, фокусирани се на изгледот и помалку експресивни што влијае на нивниот однос со мажот со кого се во врска, се наведува во заклучоците.
При тоа, се заклучило дека полничките жени полесно ги решаваат проблемите и конфликтите во врските.