Иако сите се различни, социопатите имаат дневна рутина што мора да ја следат, а можно  многу од нивните навики да се предизвикани од социопатијата.

Она што често го нарекуваме „социопатија”, подобро се опишува како асоцијално пореметување на личноста, или ASPD. Според клиниката Мејо, нарушувањето е обележано со симптоми како што се игнорирање на правилно и погрешно, преземање непотребни ризици, користење на шарм за манипулација со други, постојано лажење и лоши односи со други луѓе.

-Социоптот е непопустлив, манипулативен човек, кој нема емпатија за другите. Како резултат на тоа, социопатите не може да бидат мотивирани да создаваат општествени односи, на начин што им е потребен на другите. Социопатите честопати се мешаат со луѓето за да го добијат она што го сакаат, и тука може да се случат манипулации. Некои социопати дури и успеваат да им наштетат на луѓето или да ги користат за нивно добро, вели клинички психологот д-р. Перпетуа Нео.

5 работи кои социопатите може да ги прави наутро и во текот на денот по навика, според експертите:

 

1.Претерано дотерување

Социопатите често имаат „надуено” чувство за себе, така што некои имаат особено ригорозни ритуали на облекување, што може да се граничи со нарцисоидно растројство.

– Утринскиот ритуал на социопатите може да се однесува и на негување на изгледот. Ова е нешто што сите го правиме, лична хигиена и ритуали за убавина, но социопатот се разликува на подлабоко емоционално ниво, бидејќи тој повеќе се грижи за себе , вели Калеб Бак, експерт за здравје на „Maple Holistic“.

Всушност,  социопатија и нарцисоидното пореметување на личноста, споделуваат исти симптоми. Но, разликата е во тоа што, додека сите социопати се нарцисоидни, не сите нарциси се социопатски.

2. Избегнување на другите

Некој со антисоцијално растројство на личноста (ASPD) можеби нема да биде премногу заинтересиран за интеракција со другите, туку ќе се фокусира повеќе на себе. А ова може да резултира со изолирано однесување.

– Социопатите во своето срце се анти-социјални, така што утринската рутина може да биде поврзана со избегнување на другите, или, алтернативно, со ставање прифатлива маска. Иако овие утрински навики се чинат нормални, ако го знаете социопат, може да забележите разлики во утринското однесување. Некои се суптилни, а некои се забележуваат многу, вели Калеб Бак.

3. Гледање филмови

Д-р Нео забележал во својата практика дека социопатите имаат тенденција да гледаат филмови.

– Тоа е речиси опседнатост. Можното објаснување е дека тие го прават тоа затоа што тие се обидуваат да го имитираат нормалното човечко однесување и да ги дознаат точните одговори, па ги користат филмовите како референтна точка, вели д-р Перпетуа Нео.

Социопати исто така имаат тенденција да уживаат во мрачни филмски теми и изгледаат воодушевени кога гледаат груби сцени.

4. Се фокусираат само на себеси

Втората главна карактеристика на секој социопат е ароганцијата, според Клиниката Мејо.

– Некои социопати одат толку далеку што се сметаат за единствени вистински луѓе во светот. Таквото акутно гледиште на себе придонесува за запоставување на другите, како и придружни рутини и навики кои се корисни само за социопатите, стои во извештајот на Клиниката Мејо.

Ако социопатот се дружи со другите, на работа, со познаници, и така натаму, може да се претстави како шармантна личност. Но, без оглед на причината за социјализација, најверојатно ќе биде мотивиран од лична корист.

5. Различни ризични навики

Социопатија се карактеризира со неодговорност и висока импулсивност. Значи, она што човек со социопатско пореметување може да го направи во текот на денот е навистина претпоставка.

– Социопатија комбинира неодговорност, импулс и потреба за моментално задоволување, па затоа не е изненадувачки зошто социопатите се склони кон ризично однесување. Социопатите имаат тенденција да се грижат малку за заштита на другите или себе. Ова значи дека за нив е вообичаено прекумерната потрошувачка на алкохол, злоупотреба на дрога, компулсивно коцкање, небезбеден секс и опасно хоби (вклучувајќи и криминални активности),  вели Роуз МекКал.

Се разбира, не сите луѓе со социопатско пореметување се исти и можно е да се имаат различни степени на  ова нарушување. Некои социопати можат да бидат функционални во општеството, додека за другите навиките и рутините имаат големо влијание врз настаните во текот на денот.