Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот?, запраша на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија, тој од позиција на премиер даваше изјави кои немаа врска ниту со реалноста, ниту со фактите.
Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него.
Заев ги опустоши Македонските национални интереси, и како кловн кој ги засмејуваше регионалните политичари.
Дали Венко Филипче се гордее и со тоа?
Добро е што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев. И што може да очекува.