Неспособноста и некомпетентноста на СДС и Филипче ја гледаме на дело.
Иако Бугарите насекаде низ Европа велат дека ние сме нивна покраина, а јазикот нивен дијалект, Филипче ќе се истепа да ги внесе во Устав.
Но што повеќе да очекуваме од бугарскиот ас во Македонија – тандемот Заев и Филипче.
Луѓето кои го променија името, ја испокрадоа државата, не срамеа во Брисел и ЕУ, сомнежи за криминал и корупција се синоним за Заев и Филипче, тие пак потврдија дека ако се на власт ќе ги внесат Бугарите во Уставот.
Филипче и Заев не престануваат да им се додворуваат на Бугарите мислејќи дека тоа ќе ги донесе на власт.
Очајот Филипче го натера да ја нападне Велика Британија, со тоа се стави во редот на Русија и Кина.
Филипче само што ја обвини Велика Британија за корупција, иако знае и иако официјалните Британски претставници кажаа дека Британија има најстроги стандарди против корупција.
Наместо да се радува што Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да потпише таков стратешки договор со една од најголемите светски сили и економии, тој клевети и лаже.
Нејасно е само кому сака да му се допадне, на Русија и Кина?
Исто така, Филипче штотуку потврди дека нема кандидат за Град Скопје.
Јавно го повикуваме Мишко Ралев утре да каже дали ја прифаќа кандидатурата за Скопје?
Дотолку СДС е на колена што никој не им се нафаќа да биде кандидат за градоначалник на Скопје.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ