Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелската војна против Иран, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи дека таквата акција нема мандат од Обединетите Нации или од Европската Унија.
– Немаме мандат од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО, што е неопходно според Устав. Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање на НАТО – рече Мерц на прес-конференција во Берлин.
Германскиот канцелар додаде дека Соединетите Американски Држави и Израел не ја консултирале Германија во врска со покренувањето на нападот.
„Кога станува збор за Иран, никогаш не е донесена заедничка одлука за тоа дали воопшто треба да се интервенира. Само по себе, затоа, не се ни поставува прашањето за евентуално воено учество на Германија“, нагласи Мерц.
(МИА)




