Од денеска минималната плата во Грција е 650 евра, а не 586 како што беше досега. Заедно со тоа се укинува и „подминимално плаќање“ на млади службеници кое беше 518 евра, објави Катимерини.
И покрај зголемувањето на минималната плата, кредиторите на Грција се загрижени заради потезите на Кабинетот на Ципрас во последно време.
Зголемувањето ќе важи за околу 600.000 лица. Во 2012 година минималната плата беше намалена за 22 отсто заради економската стагнација во државата.