13 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 февруари.

Денеска е Свети Василиј Исповедник.

Тој бил другар и соработник на Свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во време на мир и кога беа гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја промисла Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно во 747 година.