Во 2023 година, 9,5% од популацијата на ЕУ не можела да си дозволи оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 процентни поени (п.п.) повеќе во споредба со 2022 година (8,3%).
Покрај тоа, фокусирајќи се на луѓето во ризик од сиромаштија во 2023 година, учеството на ниво на ЕУ беше 22,3%, што укажува на зголемување од 2,6 п.п. во споредба со 2022 година (19,7%).
На национално ниво, најголем удел на луѓе во ризик од сиромаштија кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка (45,7%), по што следат Унгарија (44,9%) и Бугарија (40,2%). Од друга страна, најмал удел е забележан во Ирска (4,2%), потоа Кипар (5,0%) и Португалија (5,9%).
Во ЕУ, разликата меѓу вкупното население и населението во ризик од сиромаштија во однос на обезбедување на соодветен оброк беше 12,8 п.п. Унгарија бележи најголем јаз – 30,2 п.п. следи Словачка со 27,9 п.п. и Грција со 27,3 п.п. Спротивно на тоа, Шведска, Кипар, Луксембург, Португалија и Ирска пријавија најмали разлики, сите под 4,0 п.п.
За Македонија нема податоци. тоа што се знае е дека најмалку 600 000 граѓани живеат со помалку од 150 денари ан ден или секој трет, а 46 отсто од вработени примаат минимална плата или плата која еблиску до минималната. Па, заклучокот за месо, риба или сличен вегетаријански оброк изведете го сами.