Приближно 89 отсто од Французите се противат на насилните дејствија против полицајците во екот на безредијата предизвикани со полициското убиство на тинејџер, произлегува од анкетата на истражувачкиот центар Elabe, што ја објави каналот BFMTV.

Минатиот вторник полицаец застрела 17-годишен тинејџер во текот на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер, којшто, според безбедносните службеници, одбил да ги почитува нивните барања и нагло го стартувал скапиот и моќен автомобил. Во бројни градови ширум Франција избувнаа насилни безредија кои траат веќе неколку дена. Според полицијата, низ земјата младите запалите околу 3.800 автомобили, како и полициски и владини згради, од почетокот на погромите нападнати се околу сто градски институции. Според Министерството за економија, ограбени се повеќе од 1.000 малопродажни места, околу 370 филијали на банки, 200 продавнции за намирници, 436 киосци и околу 10 трговски центри.

Обвинувањата за чиновите на насилство се едногласни, без оглед на категоријата на населението и полтичките ставови. Поточно, 93 отсто пд Французите ги осудуваат нападите врз јавни зданија и 89 отсто против полицијата“, се вели во информацијата.

Се истакнува дека 20 отсто од испитаниците тврдат дека имаат разбирање од што е предизвикано насилството врз полицијата, а 14 отсто истовремено и го осудуваат и сфаќаат насилството врз полицијата.

Смртта на тинејџерот кој беше застрелан од полицаец кој беше приведен минатата седмица и сега е под истрага, 89 отсто од Францизите ја гледаат како изговор за повеќето демонстранти за безредијата, се наведува во прилогот.

Анкетираните како главни причини за бранот насилства ги наведуваат недоволната родителска контрола – 68 отсто, недоволно остриот судски систем – 55 отсто и трговијата со дроги во некои картови – 43 отсто.

Истражувањето било спроведено на 3-ти и 4-ти јули врз примерок од илјада полнолетни испитаници, а е со маргина на грешка од плус/минус 3,1 отсто.