Најмалку пет деца загинаа откако изби пожар во детски летен камп со шатори во ски-центарот Холдоми во Хабаровскиот крај на рускиот далечен исток.
Меѓу загинатите се три девојчиња од 10 и две од 11 години, а уште едно дете е во тешка здравствена состојба.
Во пожарот повредени се 12 луѓе, од кои седум се деца.
Огнот избил во еден од шаторите, а потоа се проширил на 26 шатори од кои 20 целосно изгореле.
Во кампот за време на пожарот имало 189 деца.
Се уште се испитува причината за пожарот.