Реал Мадрид доби многу сериозен удар откако се покажа дека дефанзивецот на тимот, Ферлан Менди ќе биде отсутен од терените во наредните 3-4 недели, поради повредата на препоните што ја доби за време на пријателскиот натпревар против Арсенал.
Ова е голем удар за тренерот на тимот, Зинедин Зидан, кој планираше да се потпира на играчот за почетокот на новата сезона, но на крајот ќе мора да ги смени плановите и да ја преструктуира својата дефанзивна линија.
Дваесет и четири-годишниот Французин пристигна на „Бернабеу“ ова лето откако тимот плати 48 милиони евра на неговиот поранешен тим Лион.
Неговиот договор со „белите“ е до 2024 година.