Од безопасни гласини до „алапачење“, сите понекогаш озборуваат. Но, сите би кажале дека не одобруваат разговори за луѓе кои се отсутни, дека тоа не е убаво. Сепак, психолозите велат дека озборувањето не е ништо страшно и е вкоренето во еволуцијата.
Имав колега кој, во секоја прилика, ќе ме одвлечеше настрана и со половина глас ми зборуваше што мисли за лицето што штотуку излезе од просторијата. Тој беше типичен озборувач. Тоа ми беше многу непријатно.
А сепак, и јас го правам истото: Зборувам за луѓе кои не се таму во моментов.
Научниците претпоставуваат дека 65 до 90 проценти од секојдневните разговори се врти околу луѓето кои не се присутни. „Луѓето озборуваат со уживања што може да се спореди со храна или секс“, напишале истражувачи во една студија.
Само мал број луѓе признаваат дека сакаат озборувања. Според една анкета објавена во германскиот Завод за статистика, половина од луѓето велат дека озборуваат еднаш месечно или никогаш. Само 11 проценти од луѓето признаваат дека го прават тоа секојдневно. Озборувањето е речиси подеднакво посветено на соседите, колегите, роднините и пријателите, нешто помалку за шефовите, а најмалку за животниот партнер.
Моралниот кодекс на повеќето општества го осудува зборувањето за луѓето зад нивниот грб. „Озборувањето се гледа единствено како саможиво однесување со цел да манипулира со луѓето, да се влијае врз нив со зли намери“, пишува во холандска студија под наслов „Зошто луѓето озборуваат“.
Но, всушност, овие разговори со половина глас се добри. Не само што тие се човечки, туку и значајни. „Преку озборувања, дознаваме кој е потенцијално добар партнер за соработка и од кого треба да се држиме подалеку“, вели психологот Јан Енгелман, кој ја истражува оваа тема на Универзитетот Беркли во Калифорнија.
Кој ќе биде примен во групата и кој ќе остане надвор? Во текот на еволуцијата било прашање за живот и смрт. Пресудно за преживување било навреме да се предупреди кои биле предавници, измамници, егоисти…
Дури и малите деца се штитат на овој начин од егоистични врсници кои не сакаат да споделат ништо или со кои не им е забавно да си играат, открил Енгелман во една студија.
А што ако тие зборуваат за мене?
Озборувањето не само што помага да се оддели пченката од плевелот и така да се изберат соодветните членови на групата. Озборувањето на другите, исто така, претставува сврзно ткиво на групата. Посилна социјална врска помеѓу озборувачите кои се потпираат едни кон други во доверба и зборуваат зад грб.
Но, се озборува и во цврста група. Зарем тоа не е особено гадно? Не, толку. Затоа што секој што ги крши нормите на групата за да добие лични придобивки, мора да смета дека другите ќе зборуваат за тоа.
Стравот дека можеби ќе станете предмет на следната озборувачка партија ги мотивира членовите на групата да постапуваат праведно кон другите. На крајот на краиштата, ако правилата се прекршени на многу екстремен начин, лицето може да биде избркано од групата.
Па, дали озборувачите ја имаат предвид благосостојбата на целата група? Не е толку едноставно. Научниците пронајдоа причини што ги тера луѓето да озборуваат. Покрај размена на корисни информации, озборувања навистина може да се користат како манипулации.
Кога зборувате некому за отсутен човек, влијаете на мислењето на таа личност. Така, се шират предрасуди и гласини што можат брзо да ја попримат размери на мобинг. Не е ни чудо што озборувањата ги бие лош глас.
Додуша, повеќето луѓе немаат лоши намери кога озборуваат. Најчестиот мотив е едноставна радост поради малку гласини за некого. Забавно е да разменувате нови озборувања, тоа го одвлекува вниманието од секојдневниот живот и им дозволува на луѓето да поминат исполнето време, пишуваат холандски истражувачи.
Но, иако речиси сите озборуваат, барем понекогаш, сите ќе речат дека тоа не е убаво. „Можеби не ни се допаѓа кога другите озборуваат затоа што тоа би можело да биде и за нас. Нашата репутација веќе не е во наши раце, веќе немаме целосна контрола“, вели Јан Енгелман.
Дали ги презираме озборувањата затоа што можеби ние би можеле да бидеме мета? Се сеќавам на мојот колега од почетокот на приказната, кога тој вака ми зборува за сите други, што ли зборува за мене кога ќе ја напуштам просторијата?
Можеби таа непријатна мисла ме натера, ако е можно, никогаш да не му дадам причина за озборувања. Се однесував најдобро што можев. И притоа, неговите озборувања навистина ја исполнија целта на еволуцијата.