Велика Британија достави писмено предлози во кои се вели дека би сакале да биде изменет договорот за Брегзит, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева.
-Добивме документи од Велика Британија и врз основа на нив ќе имаме технички дискусии денеска и утре за одредени аспекти на царините, производите, санитарните и фитосанитарните правила, рече Андеева.
Таа додаде дека преговарачите од ЕУ и од Велика Британија за брегзит Мишел Барние и Стивен Беркли, исто така, ќе разговараат за брегзит в петок во Брисел.
Таа рече дека нема официјален рок за Велика Британија да достави формални предлози, но истакна дека секој ден се брои бидејќи се приближува датумот на брегзит, што е на 31 октомври.
ЕК нема строг рок за Велика Британија да достави официјален предлог што треба да го реши ќорсокакот на решението за брегзит, но наведува дека треба да биде претставен пред самитот на ЕУ на 17-18 октомври.