Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар по трет пат го освои Супер купот, откако синоќа во Куманово го совлада освојувачот на купот Металург со 26:24.
Предноста од шест голови (16:10) што „црвено-црните“ ја стекнаа во првото полувреме се покажа како решавачка за конечниот исход.
Најефикасни во победничкиот тим беа Сергеј Горпишин со шест и Тимур Дибиров со пет погодоци, додека кај металурзите се истакна Стефан Додиќ со пет голови.